КАШ САДИКИ – БИВШ ФУДБАЛЕР НА АРСЕНАЛ КОЈ ГО КОРИСТИ ФУДБАЛОТ ЗА ДА СЕ БОРИ ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ!

Каш Садики е британски муслиман кој ја користи моќта на фудбалот против тероризмот. Поранешниот играч во академијата на Арсенал имал состаноци со Папата, легендарниот Пеле, принцот Вилијам, па дури и премиерот.

Садики имал неколку говори за мирот во Ватикан, како и на многу други места во светот затоа што сака да изгради мостови меѓу фудбалот и политиката.

Поранешниот фудбалер на Арсенал минатиот месец во Лондон започнал проект наречен „Фудбалот спасува човечки животи“, кој бил поддржан од Војводата на Кембриџ и притоа тренира 500 млади луѓе, кои ќе го градат мирот во светот во 2020 година.

Садики помогнал да се организираат многу натпревари кои пренесуваат порака за борба против тероризмот, а се обидува да ја крене свеста и во многу светски градови како Лондон, Манчестер, Париз, Ница, Барселона, Брисел и Стоколм.

Садики открива дека бил расистички навредуван додека играл за Бостон јунајтед и поминал три години во болка затоа што имал погрешна дијагноза на неговата нога во САД, а неговата кариера за малку ќе завршеше поради погрешна операција.

Неговата фондација е создадена во 2011 година со 10.000 фунти од негови лични пари, а за помалку од 12 месеци, Челси го направи азиски фудбалски амбасадор, а притоа имал многу состаноци со познати фудбалери и луѓе затоа што сакал таа да напредува.

Неговиот прв организиран натпревар за жени во Дубаи бил следен од премиерот Давид Камерон, кој веднаш му се јавил и бил заинтересиран за неговата помош со оглед на тоа дека Садики бил британски муслиман, кој ја промовирал борбата против тероризмот.

„Потоа добив повик од Ватикан. Папата сакаше состанок со мене. Јас имав договор со Нортамптон, но бев на рехабилитација. Газдата Давид Кардоза ми даде дозвола да одам, но некои луѓе беа љубоморни. Иако заминав, сепак во две години поминати во клубот не заиграв никогаш како што треба во првиот тим. Исто така имаше многу расистички напади кон мене“, открива тој.

По заминувањето од екипата, Садики се концентрирал на проектите, кои служеле за промовирање на мирот во светот.

Извор: Спорт1

Слични Објави