ОД 1 СЕПТЕМВРИ НОВИ ЦЕНИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА И ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година.

Oдлуката за цената за струјата требаше да биде донесена на крајот на минатиот месец и да важи од 1 август, но поради предвремените парламентарни избори нејзиното носење е одложено за утре, а цената ќе важи од 1 септември.

Според најавите, се очекува утре да биде намалена цената што ја плаќаат скопјани за парното греење.