|

Катица Јанева пуштена дома за Нова година

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, објави „А1он“.

Во изјава за А1 Он адвокатката на Јанева Ирена Фрчковска, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Во случајот „Рекет“ осудени се и Бојан Јовановски на казна затвор од девет години и Зоран Милевски на казна затвор од три години.

Слични Објави