|

КАТИМЕРИНИ: ГРЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ НА БАЛКАНОТ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Ако Грција сака одново да се врати на Балканот, можеби сега е најсоодветниот момент, пишува весникот „Катимерини” во анализата за ситуацијата на Балканот, особено во Македонија и Албанија по француското вето на Самитот на ЕУ, но и за позицијата на Грција и нејзините можни следни чекори, јави дописничката на МИА од Атина.

– Една иницијатива од Атина за одново, во следниот период во ЕУ, да се дискутира барањето за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија нагло би го подигнала авторитетот на Грција и би ја вратила на позицијата на кредибилен европски играч на Балканот, проценуваат дипломатски извори зад нашите граници, пишува „Катимерини”.

Слични Објави