Кавадарчанец осомничен дека извршил полови напади врз своите ќерки
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против лицето Д.Г. (40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „полов напад и силување“, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, осомничениот физички ги нападнал своите две 16-годишни ќерки и извршил недозволени полови дејства врз нив, односно ги допирал по телата.
Од МВР соопштуваат дека по документирање на случајот, материјалите се доставени до надлежното Јавно обвинителство за понатамошна постапка.