„Нашите граѓани треба да знаат дека со моменталните трошоци во буџетот не може да се пополни дупката во него. По реформата на администрацијата од врвот, во буџетот ќе останат средства за намалување на давачките и даноците. Не би сакал да зборувам за рамковните вработени но ние сме можеби единствента земја во Европа која дава плата на луѓе што не одат на работа. Ние зборуваме за нешто прагматично и логично. Прогресивен модел за помагање на луѓето. Владата ја поддржа олигархијата, помогна кладилници, коцкарници и големи фабрики но ги заборави таксистите, занаетчиите и малиот и среден бисзнис. Што направивме ние? Ги помогнавме фирмите со голем капитал и возни паркови кои чинат милиони евра а ги заборавивме малите и средните бизниси. Секој кој што вели дека до економски раст може да се дојде со помагање на олигархијата лаже. Во основата на развојот на економијата стојат малиот и средниот бизнис“, изјави Петар Колев, претседател на ГДУ и носител на ИЕ-3 во дебатата на МРТВ со Петар Богојевски од Македонски концепт.
Најново од Вести
Манастирот во селото Гигинци „Свети безсребреници и чудотворци Козма и Дамјан“, познат и како Црногорски манастир,
Адвокати, лекари, офицери, меѓу кои генерали, градоначалници, трговци, учители, финансиери или само будни граѓани од Самоковско
Во тек на вчерашниот ден во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје почина 46-годишната жена од
Сега е време за конструктивност, сега е време да продолжиме по европскиот пат. Како држава која
Серијалот на недомаќинско работење на Љупчо Николовски Путерот со АД Водостопанство продолжува, обвинува Цветан Трипуновски од