| |

KАЗНА ОД ПО 2.000 ЕВРА ЗА ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ КОИ СЕ ШЕТАЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

– Основното јавно обвинителство – Битола побара парична казна во износ од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра, односно по 2.000 евра во денарска противвредност, за две лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетите, посочуваат од ЈО, во текот на вчерашниот ден, без дозвола, пеш се движеле низ градот во време кога на сила била забраната за движење на населението на територијата на земјата.

Со тоа, велат од ЈО, тие не ги почитувале прописите кои се донесени со цел сузбивање и спречување на ширење на опасната болест предизвикана од Ковид-19, а за што битолското Обвинителство го поднесе Предлогот за издавање на казнен налог.

Слични Објави