КЦ „Иван Михајлов“ со отворено писмо до претседателот Пендаровски: Бараме да бидеме сослушани, не можете да дискутирате за нашиот статус зад нашиот грб
Претседателот на КЦ „Иван Михаjлов“ од Битола Љупчо Ѓоргиевски испрати отворено писмо до претседателот на државата Стево Пендаровски.
Во писмото Ѓоргиевски јасно истакнува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на РС Македонија не е привилегија туку право.
„НИЕ СМЕ НАРОДОТ! Ние сме народот на цар Самуил, на Преродбениците, на Егзархијата, на Илинденци, на Гоце и Даме, на Тодор Александров и на Ванчо Михаилов. Нашето вклучување во Уставот на РСМ не е привилегија, туку право. Без него, Татковината би била Сатрапија. Очекуваме јасно да ја кажете вистината – дека без уставни гаранции за правата на Бугарскиот НАРОД во Северна Македонија, нашата земја ќе остане на раскрсницата на Слободниот свет“, се вели во писмото на КЦ „Иван Михајлов“.
Од таму бараат тие да бидат вклучени во процесот за вклучување на македонските Бугари во Уставот на земјата со образложението дека не може да се разговара за нивниот статус зад нивниот грб. Од КЦ „Иван Михајлов“ подаваат рака за помош во решавањето на овој проблем.
„Тврдите дека сакате да се консултирате со Работна група како да се додаде зборот „Бугари“ меѓу наброените делови на народи на три места во Уставот. Подготвени сме да ви помогнеме во тешката задача да ги напишете овие ШЕСТ букви три пати во Основниот закон. Видете, jасно е дека не можете да дискутирате за нашиот статус зад нашиот грб и да тврдите дека барате решение. Без нас и со наметнување формули кои би ја камуфлирале нашата нерамноправност, проблемот со нашиот статус нема да се реши. Очекуваме да бидеме поканети и да бидеме сослушани во Скопје, како што бевме поканети и сослушани во Европската комисија во Брисел. Адресите каде што очекуваме да ги добиеме вашите покани ви се добро познати – тие се истите оние каде што некои беа испратени да не запалат и да пукаат во нас“, стои во отвореното писмо.
КЦ „Иван Михајлов“ преку отвореното писмо обелоденува и четири барања до претседателот, за да му помогнат во тешкиот потфат со демократските реформи во земјата.
„1./ Кога јавно коментирате за ова прашање, не си играјте со терминот „малцинство“ затоа што ние не сме малцинство и во иден нефалсификуван попис на населението на РСМ овој рестриктивен статус може да се примени за оние што Вие не би сакале.
2./ Не агитирајте ги европските сојузници дека Македонските Бугари сме „фашисти“. Тие веќе знаат дека КОГА ГО ГУШКАШ ВУЧИЌ СЕ ГУШКАШ СО ПУТИН, кој ги користи истите обвинувања за „фашизам“ кон жртвите на неговата агресија.
3./ Побарајте од вашите безбедносни служби да не ги трошат парите на даночните обврзници за да создаваат лажни бугарски здруженија кои да се преправаат дека не претставуваат. Годината е 2023, а не 1945.
4./ Не сметајте дека можете да не поколебате корумпирајќи поединечни јавни личности во Софија. Во Бугарија имаме БРАЌА, НО НЕМАМЕ ГАЗДИ. Нашата борба е НАША борба…додека изгрее Зората на слободата“, се вели во писмото.
Целото отворено писмо на КЦ „Иван Михајлов“ ви го пренесуваме во целина и без уредничка интервенција.
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИJА
Господине Претседателе,
Поминаа повеќе од три децении од крајот на југословенската окупација на нашата Македонија. Три децении, во кои македонските Бугари очекуваа нашиот народ да добие слобода и правда рамноправност со другите делови од народи кои живеат во земјата. Денеска ова е инсистирање на сите 27 земји членки на Европската Унија. Проблемот е веќе ЕВРОПСКИ. Ништо не може да го поништи фактот дека во Северна Македонија има Бугарско прашање, кое може да се реши само со средствата на Демократијата и Владеењето на правото. Тепањата на македонските Бугари, отпуштањата од работа, палењето и пукањето на нашите клубови, ослободувањето на сторителите, забраната на нашите здруженија, говорот на омраза во контролираните медиуми, сквернавењето на нашите споменици и фалсификувањето на нашата историја – ништо од тоа нема да не спречи затоа што.. .НИЕ СМЕ НАРОДОТ! Ние сме народот на цар Самуил, на Преродбениците, на Егзархијата, на Илинденци, на Гоце и Даме, на Тодор Александров и на Ванчо Михаилов. Нашето вклучување во Уставот на РСМ не е привилегија, туку право. Без него, Татковината би била Сатрапија. Очекуваме јасно да ја кажете вистината – дека без уставни гаранции за правата на Бугарскиот НАРОД во Северна Македонија, нашата земја ќе остане на раскрсницата на Слободниот свет.
Господине претседателе,
Тврдите дека сакате да се консултирате со Работна група како да се додаде зборот „Бугари“ меѓу наброените делови на народи на три места во Уставот. Подготвени сме да ви помогнеме во тешката задача да ги напишете овие ШЕСТ букви три пати во Основниот закон. Видете, jасно е дека не можете да дискутирате за нашиот статус зад нашиот грб и да тврдите дека барате решение. Без нас и со наметнување формули кои би ја камуфлирале нашата нерамноправност, проблемот со нашиот статус нема да се реши. Очекуваме да бидеме поканети и да бидеме сослушани во Скопје, како што бевме поканети и сослушани во Европската комисија во Брисел. Адресите каде што очекуваме да ги добиеме вашите покани ви се добро познати – тие се истите оние каде што некои беа испратени да не запалат и да пукаат во нас.
Господине Претседателе,
За да Ви помогнеме однапред во Вашиот тежок потфат со демократските реформи, ќе упатиме 4 барања:
1./ Кога јавно коментирате за ова прашање, не си играјте со терминот „малцинство“ затоа што ние не сме малцинство и во иден нефалсификуван попис на населението на РСМ овој рестриктивен статус може да се примени за оние што Вие не би сакале.
2./ Не агитирајте ги европските сојузници дека Македонските Бугари сме „фашисти“. Тие веќе знаат дека КОГА ГО ГУШКАШ ВУЧИЌ СЕ ГУШКАШ СО ПУТИН, кој ги користи истите обвинувања за „фашизам“ кон жртвите на неговата агресија.
3./ Побарајте од вашите безбедносни служби да не ги трошат парите на даночните обврзници за да создаваат лажни бугарски здруженија кои да се преправаат дека не претставуваат. Годината е 2023, а не 1945.
4./ Не сметајте дека можете да не поколебате корумпирајќи поединечни јавни личности во Софија. Во Бугарија имаме БРАЌА, НО НЕМАМЕ ГАЗДИ. Нашата борба е НАША борба…додека изгрее Зората на слободата.
Очекуваме, господине претседателе, да ја прифатите нашата подадена рака.
С почит!
КЦ „Иван Михаилов“ Битола
Претседател:
Љупчо Ѓоргиевски
12.04.2023 г.
Битола, РСМ

