„Киднаперот“ и „заложникот“ ќе се сретнат во Рим

///

Пишува: Атанас Величков

На 24 мај- Денот на Сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Вечниот град „заложникот“ Димитар Ковачевски ќе се сретне со својот „киднапер“ Кирил Петков. Двајцата премиери одвоено ќе се поклонат на гробот на Свети Кирил. Тоа го соопштува македонското МНР без да прецизира дали Ковачевски на средбата ќе се појави со пранги или ќе биде уште поарогантен. Втората варијанта е многу повозможна, бидејќи „бугарскиот зет“ Таче, нема потреба да лицемерничи како неговиот претходник. Таче за разлика од Заев е од провереното кутило на оние, кои го створија говорот на омраза кон Бугарија и Бугарите и ја има целосната нивна поддршка. Затоа и беше поштеден од медиумите кога, софиски Труд ја извадија на виделина „длабоката“ тајна за бугарскиот произход на неговата сопруга. Независните медиуми побараа коментар од премиерот, а тој како еден италијански дон, им одговори дека нема претстава какви биле предците на неговата сопруга, знаел дека таа е родена во Крива Паланка и толку.

Ако забележувате нема распнувања во медиумите, тоа како да се заборави. Поучени од фактот што секој напад заради поседување на бугарски документи со право се толкува и како говор на омраза, независните македонски медиуми не си дозволуваат волности. Колегите од Труд треба да бидат претставени како безобразни воајери, кои ѕиркаат без срам во туѓите животи. Бугарска работа, Бугарите се бесрамници!

Ќе го праша ли Таче својот „киднапер“ во Рим, дали ги носи клучевите од прангите. Петков ќе го праша ли својот „заложник“, до каде е работата по прашањата од пакетот 4+1. Дали трустот на мозоци во Скопје, кој нека не забораваме си има „достојни“ помагачи во Софија, измислил некое ново оправдување, за македонската владејачка елита да не си го мрдне и прстот за да се придвижи напред кон ЕУ?

За едно треба да бидеме сигурни, сите што сакаат РС Македонија да покаже реални резултати во однос на празните ветувања од времето на Заев и Димитров ќе бидат објавени за руски шпиони од големиот „американофил“ и европски политичар со специјализација во Харвард Димитар Ковачевски. Тоа е опорната точка. Но Петков, доколку сака ќе може да поентира. Доволно е само да го праша Ковачевски, на што е подготвен за да го спречи најавуваното руско влијание во РС Македонија после новото вето од бугарска страна. Одговорот на Таче е повеќе од важен, затоа што како што вели бугарскиот новинар Љубчо Нешков, бугарските министри нема да ги потпишуваат договорите за руски или кинески капитални проекти во РС Македонија. Тоа ќе го прават македонските министри, оправдувајќи се повторно дека Бугарија е крива, бидејќи ги оставила на цедило.

Не би било лошо Петков да го праша својот „заложник“ и што е тоа што се случило пред 150 години, поради кое денес Бугарија наместо да гледа кон „светлата заедничка иднина“ се однесува како киднапер кон „најподготвената“ за почеток на преговорите со ЕУ земја. Одговорот на ова прашање исто така е од огромно значење, пред се за историското помирување за кое пишува и во резолуцијата во однос на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на РС Македонија.



Одговорот е важен и за граѓаните на РС Македонија со македонска етничка самоопределба, кои се и главниот таргет на секојдневното бомбардирање со антибугарски написи во независните македонски медиуми од сите провиненции- и провладини и опозициони. До кога македонските политички елити ќе ги користат надворешните „душмани“, за да ги оправдуваат сопствените внатрешни неуспеси?

Официјална Бугарија мора да остане доследна на својата политика. Оправдувањата дека не може решението на отворените прашања да го чекаме 30 години (колку што траеше спорот за името со Грција) не се основани. Бугарија треба да го заштити пред се своето достоинство како држава, потоа својата историја и се разбира правата на Бугарите во РС Македонија. Тие се трите столба, кои не смеат да бидат срушени. Нема како да се затворат очите пред ниту еден од нив. Дојде времето за решавање на проблемите! Доволно ние, македонските Бугари, кои не сме адвокати на дволичната македонска владејачка елита (сегашна и претходна) слушавме и читавме за притисоците врз Софија. Притисоци има и врз Скопје, ама за нив никој не зборува. Доволно беше! Сме се наслушале на лажни ветувања, сме се нагледале на козметички промени, сме се изначитале за тоа како никој немал ништо против нас, ама ако бидеме кооперативни. Време е сето тоа да заврши и ако македонските политичари не се созреани, спорот нека трае и 30 години. Нивна одговорност е РС Македонија да ја направат европска земја, не е тоа обврска ниту на премиерот Кирил Петков, ниту на премиерот што ќе го наследи во иднина.

На 24 мај „киднаперот“ и „заложникот“ ќе успеат да разменат по некој збор. Да поговорат за сегашноста и за иднината. Но, треба да знаеме што е тоа што се случило пред 150 години, заради кое денеска Бугарија е дефинирана како држава-киднапер, а треба да дознаеме и каква ќе биде иднината. Ако ништо не се смени по оската Скопје-Софија, тогаш најголеми жртви ќе бидат токму тие кои на истиот ден ќе ја споделуваат онаа провокаторска изјава на касапот Путин, дека писменоста во Русија дошла од „македонските земји“.



Претходна статија

Бугарската претстава „За љубовта и се останато“ изведена во Битола

Следна статија

(Видео)Нешков: Петков беше заблуден од Скопје дека е можно брзо решение на проблемите и дека е можен компромис

Најново од Истакнато

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да

Туѓа влада

Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој