КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА „БЛАЦЕ“ ПО УКИНУВАЊЕ НА ПЦР ТЕСТОТ

Колони возила чекаат на граничниот премин „Блаце“, откако е укинат ПЦР тестот за преминување на границата во двата правци за државјаните на Македонија.

Владата апелираше до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку тоа не е неопходно, но очигледно апелот не вродил со плод.

Според фотографиите и видеата кои ги објави „ТВ 21“, може да се забележат километарски колони на граничниот премин.

Од ноќеска на полноќ, до денеска напладне регистрирани се 4.600 минувања.

Доцна синоќа, македонската Влада информираше дека поради зголемениот број заразени, останува забраната и единствено ќе може да се патува на Косово.

Државјаните од овие земји, пак, можат слободно да влегуваат во Македонија.

Како што појаснија од Владата, наскоро таквата одлука ќе се ревидира и ќе се забрани влез на државјани од Србија, Црна Гора и Босна без негативен ПЦР тест.