КИНЕСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ ПРИЗНА ДЕКА ВЛАСТИТЕ ВО ВУХАН ГО КРИЕЛЕ ВИСТИНСКИОТ БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

/

Кинескиот епидемиолог и пулмолог Чжан Наншан, раководител на специјалната комисија за коронавирусот во кинеското министерство за здравство, рече дека властите во Вухан, каде за прв пат е регистриран коронавирусот, сокриле клучни детали за обемот на болеста.

“На почетокот, градските власти не сакаа да ја признаат вистината. На самиот почеток, тие молчеа и тогаш реков дека е можно да има многу повеќе заразени”, изјавува Наншан за CNN.

Според епидемиологот, неговите сомневања се појавиле откако официјалните податоци не се менувале неколку последователни дена, властите пријавиле само 41 случаи за десет дена, додека во исто време почнале да се појавуваат извештаи за инфекции во странство.

Тој продолжил да поставува прашања до локалните власти, по што тие „со голем отпор“ ги доставиле вистинските податоци: на 20 јануари бројот на заболени во Вухан изнесувал 198 лица, а 3-ца пациенти веќе биле починати. Тогаш за прв пат станало јасно дека меѓу заразените има и 13 лекари.

И покрај тоа што го призна фактот за пријавување на помал број на заболени, Наншан ги негира тврдењата дека кинеските власти намерно манипулирале со податоците.



Тој потсетува дека пред 17 години, за време на епидемијата на САРС, централната власт, барала од сите градови и државните институции да ги пријавуваат вистинските податоци за болеста.

Токму Наншан, кој пристигнал во Вухан на 18 јануари, е првиот официјален претставник на кинеската држава кој јавно потврди дека коронавирусот се пренесува од човек на човек, додека властите на Вухан со недели инсистираа на тоа дека болеста не се пренесува така и дека е „предвидлива и е ставена под контрола “.

Претходна статија

ОБАМА ЈА КРИТИКУВА БЕЛАТА КУЌА: АПСОЛУТНА КАТАСТРОФА, НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ

Следна статија

НОВИ 30 СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ

Најново од Вести