ЌЕ ПОПИШУВААТ ПРЕД ВРАТА И ВО ДВОР – ВЛАСТА НЕ ГО ОДЛОЖУВА ПОПИСОТ
Власта не се откажува од пописот, а според директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски ако треба граѓаните ќе се попишуваат и надвор.
Тој за Телма рече дека дека попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите.
-Ако постојат услови тоа може да се организиран преку куќните совети. Ние нема да влегуваме во становите, да мериме должина на ѕидовите, квадратура на проториите. Ќе гледаме на сите можни начини да имаме помали контакти со луѓето. Доаѓањето на попишувачот е побезбедно од одењето во продавница, изјави Симовски.
Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5-2 метри.
Ова го содржи Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, кој беше усвоен од Владата на 2 март, на предлог на Комисијата за заразни болести. Протоколот е утврден, но зголемувањето на бројот на случаите на новозаболени од Ковид-19 изминатите денови го отвори и прашањето дали предвидените мерки во него се доволни за заштита на граѓаните.
Дел од граѓаните стравуваат да ги пуштат попишувачите дома поради зголемениот број на заразени, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот за септември, додека Левица почна да повикува на бојкот ако пописот не се одложи.
