ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ОПИТЕН АДВОКАТ ДА И ПОМОГНЕ НА ХИНД ДА НЕ БИДЕ ВРАТЕНА ВО ОАЕ КАДЕ И СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА?
Хинд Алболуки е 42 годишна жена, родена е во Дубаи, а веќе неколку недели се наоѓа во центарот за странци во Гази Баба. Во Македонија бара азил, бидејќи, како што таа вели, има закани од нејзиното семејство.
По барањето за азил, Хинд е сместена во Центарот за баратели на азил во Визбегово. Но со првостепена одлука на 7 ноември 2018, како што велат од МВР, Секторот за азил го одбил нејзиното барање .
Утврдено е дека не постои оправдан страв од прогон, односно не се утврдило дека именуваната е прогонета поради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група, или политичко уверување и не постојат причини да се верува дека доколку се врати во државата чиј државјанин е, ќе се соочи со реален ризик од претрпување на сериозни повреди – велат од МВР.
Во моментот на Хинд Алболуки и се ограничува слободното движење поради опасност за националната безбедност.
Се оценило дека е неопходно да се изрече мерка за ограничување на движење поради заштита на јавниот ред или националната безбедност, во период од три месеци, сметано од денот на врачување на ова Решение.
На 4 февруари оваа година, како што информираат од МВР, Хинд Алболуки е известена дека постапката за добивање азил завршила со полноправна судска одлука. Со ова, и е даден рок од 15 дена, најдоцна до 19 февруари, таа доброволно да ја напушти Македонија, или да обезбеди услови за нејзин престој како странец во нашата земја. Но несфатливо е како може таа да ја спроведе оваа одлука кога се уште е затворена во Центарот во Гази Баба.
Ги повикуваме организациите за заштита на човековите права на територијата на Република Македонија да се ангажираат со овој случај и ако постои макар и минимална шанса за правна разрешница на случајот во корист на оваа жена, да се ангажира опитен адвокат кој да ги застапува нејзините интереси.
Од извор близок до г-ѓата Албулоки дознавме дека сопругот на дотичната персона бил службеник на едно министерство во Обединетите Арапски Емирати. Истиот како што станува јасно од објава на социјалните мрежи испратил цела една листа со барања кон својата сопруга:
– Да престанеш да учиш
– На работа немој ни да помислиш
– Да носи хиџаб постојано
– Да се грижи за децата секој ден
– Во салон за убавина смее да оди само со мајка и
– Ако има некоја веселба или свадба, исто мора да оди со мајка и
– Масажа, маникир и педикир смее да има само дома
– Смее да го има само бројот што и го дадов, а претходниот ќе биде уништен
– Сакам да бидеш како што бевме кога се земавме на почетокот на 26.12.1996
– Сакам да ја надгледуваш градбата на нашата нова куќа
– Патување само со машка придружба
– Не смееш да излегуваш со пријатели
– Не смееш да излезеш од куќата без да добиеш дозвола
– Ќе ги посетуваме твоите еднаш во неделата, со една кола
– Да се грижиш за мене и да ми ги пакуваш алиштата пред пат
„Дојдов во Македонија бегајќи од Дубаи бидејќи имам закани од татко ми, чичкото, брат ми дека животот ќе ми го направат пекол само затоа што побарав развод. Не знаев што да правам, тие дојдоа и ми го побараа пасошот и личната карта, велејќи дека не можат да ми веруваат веќе и сакаа да ми го избришат идентитетот. Кога некој ќе ти го побара пасошот или личната карта тоа значи дека нешто се случува, а јас не сум толку наивна, затоа размислив и избегав. Мајка сум на 4 деца“ – вели Хинд Алболуку, во видео објавено на Youtube.
Ако Хинд се врати во ОАЕ според наши извори во Дубаи и се заканува смртна казна.

