| |

ВИДЕО: ГДУ ШТИП СО НОВИ ГОРЛИВИ ПРАШАЊА ДО ВЛАСТА

Граѓанско демократската унија денес на прес конференција постави неколку прашања до власта, и до опозицијата:

„ На што се должи застојот на градбата на новата клиничка болница во последните три месеци? Поради која причина се пролонгирани роковите за изградба со  плус уште две години?

Само да напоменеме дека старата болница која сѐ уште како-така функционира, е изградена во далечната 1937 година. Во таа година била врвен клинички центар во Македонија. Но сега сме 2019 година и прашањето е уште колку треба да чекаме за нова болница?!  Сериозна власт се грижи за сериозна тема како што е здравството.

Дали некој се грижи за двата големи стопански субјекти еден  од областа на кожарството а другиот од градежниот  сектор  кои се крахирани?Судбината на над 1000 граѓани е доведена под знак прашалник. Зошто молчат и власта и опозицијата? Има ли кој да праша што ќе биде со судбината на тие луѓе со нивните кредити, сметки и со нивното неисплатено пензиско и здравствено осигурување?

Дали се врати 94-95 година, кога претпријатијата во нашиот град одеа во стечај и работници остануваа на улица? Дали во иднина ќе се покаже тронка сериозност за решавање на овој реален проблем со кој се соочуваат сите граѓани, без разлика на политичка, национална и верска припадност“, истакна Борче Пачемски, претседател на локалната организација на ГДУ во Штип.



Слични Објави