ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ СИТЕ 11 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ ВО ВУХАН

/

Три милиони луѓе се тестирани до крајот на април во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот корона вирус, а властите ќе настојуваат да ги тестираат сите 11 милиони жители, јави агенцијата Ксинхуа, пренесува Фокус.

Приоритет се дава на граѓаните кои досега не биле тестирани, жителите на станбени блокови во кои имало позитивни на корона вирус, како и старите лица и жителите на густо населените населби, информира градската администрација.



Медицинските установи соопштија дека во текот на викендот е пронајдена инфекција во еден кластер на граѓани во Вухан и предупредува на можен втор бран на епидемијата.

Претходна статија

КОРОНАВИРУСОТ ВЛЕЗЕ ВО НАЈГОЛЕМИОТ БЕГАЛСКИ КАМП ВО СВЕТОТ

Следна статија

ВТОР ДЕН СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ДЕДО НА ПЕЛИСТЕР

Најново од Вести