КОРОНАВИРУСОТ ВЛЕЗЕ ВО НАЈГОЛЕМИОТ БЕГАЛСКИ КАМП ВО СВЕТОТ

/

Во најголемиот бегалски камп во светот се заразени две лица, бегалци Рохиња, сместени во квартот Базар во Бангладеш. Сега се изолирани и им е укажана лекарска помош. Уште 1.900 бегалци се изолирани и ќе бидат тестирани за коронавирусот.

Во кампот престојуваат околу еден милион прогонети лица, а поголемиот дел од тоа население го сочинуваат 740.000 Рохинџа муслимани кои избегале поради систематското етничко чистење од страна на мјанмарската војска во август 2017 година.

Службените агенции со недели предупредуваат за потенцијалното влијание на коронавирусот врз бегалците Рохиња, кои живеат во лоши услови и имаат ограничен пристап до чиста вода.

„Сега кога вирусот влезе во најголемата светска бегалска населба во Кокс Базар, ние сме сведоци на многу реална можност илјадници луѓе да умрат од ковид-19“, рече д-р Шамим Јахан, директор за здравствена заштита на децата во Бангладеш.

„Пандемијата може да го врати Бангладеш десетици години наназад“, додаде тој.



Кампот е дом на 40.000 до 70.000 бегалци на квадратен километар.

„Тоа е барем 1,6 пати поголема популација отколку на крузерот „Дајмонт принцес“ каде што инфекцијата се шири четири пати побрзо отколку на почетокот на пандемијата во Вухан“, изјави Јахан за „Ројтерс“.

Извор: Макфакс

Претходна статија

113 ЛИЦА ВЧЕРА ЗАМИНАЛЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Следна статија

ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ СИТЕ 11 МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ ВО ВУХАН

Најново од Вести