|

ЌЕРКА НА ЧЛЕН НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА ИСПРАТЕНА НА РАБОТА ВО БРИСЕЛ

Неда Дојчиновска, ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска која е член на Антикорупциска од пред десетина дена со одлука е пратена како советник во Постојаната мисија на Македонија при ЕУ во Брисел.

Секретаријатот го распишал конкурсот за двете позиции во Брисел на 7-ми октомври во кој ги наведува условите кои треба да бидат исполнети. Но според дел од медиумите се пријавиле поискусни  кандидати со повисоки звања од нејзиното. На 13ти месецов СЕП носи одлука тригодишниот мандат во Брисел да и се даде на Дојчиновска.

Нејзината мајка Софка Пејовска Дојчиновска, член на Антикорупциската комисија ги отфрла наводите за непотизам. Вели дека Неда од 2006та е вработена во СЕП па ако има сомнежи околу нејзиното вработување и одлуката да се прати во Брисел институцијата да одговори.

Од Антикорупциската комисија засега не сакаат да ги коментираат наводите ниту дали ќе проверат дали во случајот се работи за непотизам.



Слични Објави