|

МАКЕДОНИЈА НА 56-ТО МЕСТО СПОРЕД ИНДЕКСОТ НА ЧОВЕКОВИ СЛОБОДИ

Македонија е рангирана на 56 место од вкупно 162 земји со оценка од 7,34 индексни поени во однос на почитувањето на човековите права и слободи. Во споредба со 2018-та година, нашата земја бележи незначителен раст од 0,07 поени.

Од вкупно 76 индикатори кои се истражуваат, најголемата оценка е доделена за безбедноста и сигурноста на земјава од 9,1 поен. Најмалку, пак, за владеењето на правото. Токму овој сегмент бележи константен пад во последниве 10 години, а во 2013 година паднал на  најниски 3,3 индексни поени. Високи индикатори земјава бележи и во делот на трговските слободи, слободата на вероисповед и слободата на движење.

Во споредба со земјите од регионот, Македонија е подобро рангирана од Грција, Србија и Турција, а пред нас се наоѓаат Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Хрватска и Словенија како најдобро рангирана со индекс 7,97.

Слични Објави