| |

Клучна средба Заев-Ципрас на 17 мај во Софија

Ако не се случи ништо непланирано, на 17 мај во Софија, ќе се одржи средба во четири очи меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Состанокот ќе се одржи на форумот ЕУ-Западен Балкан. За време на разговорот двајцата премиери ќе се обидат да постигнат конечен договор за решавање на спорот за името.

“И покрај тешкотиите има напредок и договор за поголемиот дел од темите на разговорите. Постојат големи разлики во врска со употребата на името, но Заев и Ципрас имаат отворена телефонска линија, јавува грчкиот  портал „Вести 247“.  11 и 12 мај се особено важни за развојот на настаните. Тогаш ќе има нова средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас во Атина. На средбата ќе присуствува  медијаторот Метју Нимиц.

“Нимиц е решен да изврши притисок за решавање на проблемот”, пишува “Вести 247”.

Слични Објави