| |

Коцевски: Предистрага за УЈП и други институции во случајот „Пулс“ – постапката не е завршена

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека Обвинителството води предистрага за вработени во УЈП и други институции поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Со завршување на обвинението не значи дека заврши и постапката за Кочани. Има уште десетина инкриминирачки дејствија,“ нагласи тој. Според Коцевски, податоците што ги објави Истражувачката репортерска лабораторија не се нови, бидејќи биле доставени и до судот и одбраната.

Во врска со предметот против 13 полициски службеници, тој објасни дека обвинение сè уште нема бидејќи „по другиот предмет постапува само еден јавен обвинител,“ но увери дека ќе заврши наскоро.

На критиките од премиерот Христијан Мицкоски, Коцевски одговори: „Политиката е една работа, работата на Јавното обвинителство е сосема друга. Јас и понатаму ќе работам чесно и законито.“



Слични Објави