Коцијас: Грција не треба да се плаши од компромис со земја која трага по својот идентитет
Првиот грчки дипломат Никос Коѕијас изјави дека името не треба да има иредентистички елементи, треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија.
Тој во обраќањето на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос уште еднаш посочи дека е неопходна промена на Уставот на Македонија.
Според него, договорот треба да биде стабилен и издржлив и да ја развива довербата меѓу двете страни. Коѕијас порача дека Грција, која е земја со долга историја не треба да се плаши да направи компромис со една мала држава што се уште го нема најдено нејзиниот идентитет /Радио Слободна Европа/.
