КОДОШ-УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

//


Граѓаните на Северна Македонија често употребуваат еден збор-кодош.
Да би ги покриле дејанијата на својата партија ,а посебно оние коруптивните и анти-унитарните ( со докази еден куп),за нив зборот кодош се однесува на секој кој критикува или ги критикува за нивните ,еве 30 години мрачни замисли.(со докази ,сами да си ги приложат и потсетат). Во огромен број на случаеви се работи за обичен низок криминален лоповлук.
Кодош не е збор од турскиот јазик. Ма колку сакаат и да ви објаснуваат Турците. Ниту тие ниту било кои на овој регион не го разбираат зборот – кодош, а најмалку па нашиве,стокмени патриоти и комити.
Е ,сега да ви објаснам на Македонци и Албанци ( заради тоа што и тие го користат) што е зборот кодош и од каде доаѓа.
Кодош е многу чест поим во јидиш кај евреите и означува СВЕТ ЧОВЕК.
Не, не доаѓа од Белградската школа. Тоа е друга школа.
Кодош е ,поп,оџа,рабин, свет човек кој најмалку еднаш месечно праќа анализи за мислењето на рајата до нивните Свети Столици во Цариград.
Кодошот или светиот човек има податоци за родени,мажени/женети ,починати, исто како денешниот Фејсбук. Посебно внимава што се исповедаат верниците и на сеансите во верските објекти до каде е рајата со умот и што мисли за управата на земјата и за султанот. Значи имате ем завод за статистика, но и од секаков аспект на економски и психолошки анализи кои кодошите или светите луѓе ги прават и доставуваат до Портата до нивните шефови ,а шефовите на уво кај Султанот го даваат дефинитивниот извештај за Рајата.
Интересно е дека нема во архивите имиња и презимиња туку само анализи за мислењата на поголемиот дел на рајата.Така да се користи множина. Еднината е за други служби на Султанот од кои дел на другите училишта на Балканот ,учеле. И затоа сме до овде.
Не заборавајте дека Отоманската империја до 18 век немала универзитети и училишта.Кодошите или Светите луѓе ги раководеле училиштата некаде до 1850 година.
Информациите на кодошите оделе по следниот редослед- Тие до Портата ..Нивните до Султанот-Султанот до војската,полицијата,тајните служби,економијата,локалната управа ,наредби разни до Вилаетите.
Кодошот- светиот човек во очувувањето на Отоманската империја учествувал цели 500 години или некаде 8 генерации за тоа време и се смета за еден од нај успешните системи за управување..ПОСЛЕ ФЕЈСБУКОТ И ЈАВНИТЕ МРЕЖИ ..ЧИЕ ВРЕМЕ ДОПРВА ДОАЃА.
Така да полека со тој збор Кодош. Заради тоа што вие не знаете точно ни што значи.Ако ве наведов да мислите по темава мислам дека ќе ви е јасно дека умствената матрица низ вековите не се менува,само се усовршува.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар



Претходна статија

НАЦИЈА КОЈА НЕ ИМ ДОЗВОЛУВА ПРИВИЛЕГИИ НА СВОИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Следна статија

КРАЛЕВИ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Најново од Истакнато