| |

КОЅИЈАС: БУГАРИЈА НЕ СФАЌА ДЕКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ РОДИ НОВА НАЦИЈА

Поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за „Еурактив“ вели дека ВМРО Бугарско национално движење на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов го диктира ставот на Софија.

Бугарија не сфаќа дека во Северна Македонија се роди нова нација, која има свој јазик. Наместо да ја почитува и да придонесува кон мирот и пријателството на народите во регионот, Бугарија дејствува на дестабилизирачки начин, преправајќи се дека е „Херкул без мускули“, истакна Коѕијас.

Тој исто така истакна дека Атина го предупредила Европскиот совет дека политиката на Каракачанов е “надвор од рамките на ЕУ” откако бугаарското претседателство со ЕУ постави споменик на лав во дворот на Националниот дворец на културата, кој држеше штит со картата на „Санстефанска Бугарија“.

Извор: Zoom.mk



Слични Објави