КОИ БЕЛИ ЛАГИ ПОМАГААТ ДА СЕ ЗАДРЖИ ВРСКАТА НА ПОЗИТИВНО НИВО
Белите мали лаги се дел од секоја врска. Со нивна помош успеваме да ја задржиме врската на пријатно ниво и да ја задржиме љубовта со партнерот. Понекогаш е многу поважно да ги заштитиме нашите односи од малите проблеми што можат да предизвикаат големи немири.
Кои се најчестите бели лаги што постојат во секоја врска?
- „Ти воопшто не ‘рчиш. Дури и да ти се случи тоа не ми пречи на било кој начин.
- „Немам претстава каде отидоа колачињата“.
- „Никогаш повеќе нема да го гледам ова без тебе“.
- „Ми се допаѓа како готви мајка ти“.
- „Прстенот што ми го подари е токму каков што сакав“.
- „Јас дури и не забележав да кантата се преполнила со ѓубре.”
- „Не грижи се. Ова беше на промоција“.
- „Изгледаш многу подобро од него / неа“.
- „Ова изгледа прекрасно на тебе“.
- „Мојата врска со него / неа не беше сериозна“.
- „ Нашиот состанок беше прекрасен.“
- „Не, не ми е ладно. Земи го кебето“.
- „Секако дека можеме да ги направиме работите како што треба“.
- „Дефинитивно сакам да те слушам и да ми кажеш за проблемите на сестра ти“.
- „Моите пријатели и јас никогаш не зборуваме за тебе“.
- „Оваа кошула е токму она што би го избрал“.
- „Размислувам за тебе во моментов“.
- „Не ти треба диета. И така изгледаш совршено“.
- „Немам претстава што прави мојот/та поранешен/а дечко/девојка“.
- „Јас целосно се согласувам и ја следам твојата диета. Знам дека ти е важно тоа и ќе јадеме исто двајцата.“
- „Секако дека мајка ми те сака.”
- „Извини, не ја видов твојата порака.”
- „Изгледаш совршено. Воопшто не е очигледно дека има филтер на сликата. Не забележав. “
- „Не е важно дали ќе размениме подароци за годишнината“.
- „Јас не сметам дека некоја од твоите пријателки е привлечна. Ти си незаменлива.“