КОЈ Е ПОЧЕТОКОТ НА ФЕНОМЕНОТ „СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ“

Стокхолмскиот синдром е психолошки феномен, во кој заложникот почнува да чувствува емотивна симпатија кон својот киднапер. Заложниците демонстрираат чувства кон своите киднапери и во еден момент, тоа што им е одземена слободата не е важно.

Според истражување на ФБИ околу 8 % од заложниците се приврзуваат кон своите напаѓачи. Фројд зборувал за тој феномен, а позади тоа, зошто синдромот се нарекува Стокхолмски, а не Амстердамски например, се крие интересна приказна од 1973 г.

Позади создавањето на овој термин стои името на Кларк Олофсон, еден од најпознатите криминалци во Шведска, кој целиот свој живот го поминал во игра на мачка и глушец со власта.

Кларк Олофсон е јак шармантен маж со високо образование и што е најважно висока интелигенција. Тој успева да развие една многу интересна филозофија додека се наоѓа во затвор и имал став за повеќето проблеми што ја мачеле Шведска во тоа време. Во тој период тој дури не претпоставува дека во многу блиска иднина ќе стане дел од учебниците по психологија.

На 23 август 1973 г. висок и добро граден маж влегува во банка во Стокхолм. Носи женски алишта, перика и нападна шминка. Но не тоа е најважното. Мажот вади пиштол и започнува да пука во таванот на банката и вика на цел глас: „Почнува забавата“. Киднаперот и заложниците влегуваат во интересна игра која ќе трае неколку дена. Напаѓачот бара 3 милиони круни (денешна вредност околу 4 милиони долари) и настојува Кларк Олофсон да биде пуштен од затвор и донесен во банката.

Полицијата го отцепува реонот околу банката, доаѓаат репортери и сниматели, настанот се емитува на телевизија. Јавноста очекува се да заврши до крајот на работниот ден. Се водат преговори со киднаперот и не се случува ништо. Во еден момент се случува нешто неверојатно. Полицијата го вади од затвор Кларк Олофсон и го носат во банката. За прв пат во историјата на Шведска, затвореник е пуштен од затвор и однесен во рацете на киднапер.

Picture taken 2005-05-24 19:05 This file is licensed under Creative Commons Attribution ShareAlike 2.0 License: http://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.0/

Историскиот настан е набљудуван од речиси 73 % од населението на Шведска. На местото пристигнал и премиерот на земјата Олоф Палме. Многумина за брзо време ќе разберат дека постојат интересни релации меѓу киднаперот и заложниците во банката.

Ова е прв случај кога се набљудува прврзување на заложници кон киднапер. Заложниците остануваат во пленот на својот напаѓач дури 6 дена.

На неколку пати полицијата се обидува да влезе во банката, но неуспешно. Заложниците велат дека се чувствуваат безбедни со своите киднапери. Тие дури изјавуваат надеж дека полицијата нема да презема нови напади.

Власта се согласуваат да ги пуштат напаѓачите. Додека се одвиваат преговорите, полицијата успева да влезе во сефот на банката преку апартман од горниот спрат на зградата. Станува јасно дека заложниците се во добра состојба. Полицијата користи солзавец и успева да ги уапси двајцата напаѓачи.

Покренати се обвиненија, а Карл Олофсон вели дека не учествувал во киднапирањето туку само се обидувал да ја држи ситуацијата под контрола. Неговиот ортак Јан Олсон е осуден на 10 години затвор. По излегувањето на слобода Јан продолжува да се занимава со криминал. Во 2006 г. тој се предава на полицијата и очекува да биде осуден за перење пари и други финансиски малверзации. За негова среќа делата што ги извршил се судски застарени и тој е ослободен од кривична одговорност. Според непотврдени информации денеска Јан живее во Тајланд.

Интересен факт е дека во затворот Јан добива писма од жените кои биле киднапирани од него во банката. Тој дури пишува и автобиографија,

Криминалистот Нилс Беџерот за прв пат го користи терминот „Стокхолмски синдром“ и продолжува да ги истражува видовите на овој феномен.