КОЛЕВ: ДАЛИ ЗАЕВ ЌЕ НАЗНАЧИ МАШИНСКИ ИНЖЕЊЕР ЗА МЕНАЏЕР НА НЕГОВИТЕ ПРИВАТНИ ФИРМИ?
Дали премиерот Заев во своите приватни фирми ќе донесе машински инжењер за раководител, праша Петар Колев во емисијата Отворено Студио1 на 1тв. Според Колев големиот број партии во коалициите, е причина да се случуваат ситуации во кои професор по медицина да стане министер за култура. Колев тврди дека причина за тоа е недостатокот на кадри на партиите што и покрај тоа, мораат да бидат задоволени.
