| |

КОЛЕВ: ДУИ САМО ФОРМАЛНО СЕ ЗАЛАГА ЗА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Фактот што Хазби Лика не се појавува на работа и од Влада не знаат како изгледа овој човек е се само не европска практика-истакна Петар Колев. Претседателот на ГДУ додаде дека ДУИ веќе 17 години се наоѓа во ситуација на основен коалициски партнер и поради таа причина како да му наредува на својот партнер во власта кој кадар каков министер да стане. Според Колев ДУИ само формално се залага за евроинтеграциите на Македонија, бидејќи во реалноста, не е партија што испорачува европски тип на политика.

Слични Објави