ДЕ ЈУРЕ- МАКЕДОНИЈА (СЕВЕРНА), ДЕ ФАКТО-СДСМ-ДПМНЕ

//

Дали постои можност да се измерат злоделата на СДСМ и ДПМНЕ? И дали постои разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ?

Изминативе три декади се доказ дека идеите (интересите) на партијата се далеку позначајни од државата и напредокот на истата. Како и да погледнеме сликата е иста, темна и жалосна. Но зачудува фактот што премногу луѓе се свесни за вредностите на побратимите, но сепак им даваат легитимитет на истите, бидејќи мислат дека го избираат помалото зло.

Доколку се навратиме наназад, тероризирањето на двете партии е наизменично, со блага предност на ДПМНЕ (благодарение на Унгарскиот писател). Државата е упропастена во секој можен сегмент и од било кој аспект и да погледнеме насекаде се гледа мизерија и распад на сите установи. Впрочем најчуден е синдромот на транзиција, кој се појавува секој 5-6 години чиниш од војна не сме излегле (реално и бојно поле има меѓу СДСМ и ДПМНЕ, но жртва е само народот) и тотален колапс на економијата, што се однесува на субвенционирањето на одредени земјоделски гранки, заглавено е некаде 2017 (повратокот на пари од ипард програма сигурно замина со Унгарскиот писател)…

Од пронационалистички и проевропски политики добивме само приватизација целокупна и раздор на секоја институција и установа. Вградувањето на вирусите (партиските профитерчиња) во институциите ги направи целосно нефункционални, всушност и затоа денес се во таква очајна состојба со која се подсмева секој граѓанин, но сепак не ни смета. Зошто? Бидејќи сме најпасивниот народ кој постои на планетава.

Дали не ви е смачено да чекате докторката да си го допие кафето и да си го допуши цигарчето, додека чекате со вашето болно детенце по ходниците (чесно е да се каже дека има и професионалци кои си ја вршат работата беспрекорно, но на жалост премногу е мал процентот)?

Дали не ви е смачено да чекате административец да го доврши разговорот со колегата за понудата на вип и колку чини свинскиот врат во Веро или пак колешките да поразговараат за аеробик (чекање да ти фрлат поглед за да им се обратиш)?



До каде ли ќе оди ова лудило? Далеку сте од Европа и бонтонот и културата на европските земји.

Доколку ги погледнеме наизменично гигантите веднаш доаѓа до конфузија. Да почнеме со моменталните владетели, се повеќе наликуваат на некој телетабиси, ама на недозволени супстанци. Рака на срце, Павле ТИП 400, земал по пола, овие на цело ќе да се… Еден автопат отвараат 6-7 пати и во ЕУ влегуваат секој 6-7 месеци, овие се баш приказна за себе, но нејсе, навикнати сме. Тука впрочем е битна „емиграцијата“ на таканаречените вмровчиња кои станаа комуњарчиња, всушност традицијата продолжува со Мијалков и неговите 8 кловнови, кои ни го донесоа северот за спас на сопствената кожа, тука се и неколку отпадоци од ДПМНЕ. Интересно е тоа што СДСМ се труди да биде прототип на мулти-култи, но некако ги заборави Македонциве…Од друга страна пак ДПМНЕ, кој после Николче диктаторче е како рането глувче, но се труди да покаже дека е лав. Тие се посмешни, бидејќи кај нив „емиграцијата“ е во понапредна фаза, ако некогаш беше пронационалистичка и така наречена патриотска партија денес е пројугословенска.

Како и во нашето блиско минато, гледаме личности како Стевче (кој никна од Либерална, паво СДСМ, од СДСМ во Гром заедно со Српска партија и за на крај да заврши како националист или ВМРОВЕЦ) Латас (главниот мотор за креирање на јавно мислење, а и самите бомбите покажаа и докажаа каква улога имал тој човек во ДПМНЕ)…Титови леви сили,Ѕинго и неговите поданици… Тука би застанал бидејќи ќе треба да пишувам до утре. За какво ВМРО ни зборува Мицко и неговата несудена претседателка? Најверојатно ова е југословенско ВМРО. Редно време е да се покрене иницијатива да си ги разменат имињата сестринските партии!

Овој вирус, наречен СДСМ-ДПМНЕ, е длабоко навлезен во порите на Македонија и тешко дека ќе се справиме и ќе се излечиме од него (тешко, но не и невозможно).

П.С. Бранко ќе го затвораше Љубчо, Заев ќе го затвораше Груевски…кој ли е следен за пазарење? Сестринските партии пуштени на најјако (Yin and Yang).

Автор: Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ-Охрид



Претходна статија

КОЛЕВ: ДУИ САМО ФОРМАЛНО СЕ ЗАЛАГА ЗА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ГДУ: МОДЕЛОТ „ЛИКА“ И „40-ТЕ СОВЕТНИЦИ“

Најново од Истакнато

Ќорсокак

Пишува: Владимир Перев На 24 јуни 2022 година стана пресврт, револуција во менталната матрица на бугарите