Колев: Заедницата на македонските Бугари може да претставува мост за надминување на проблемите помеѓу Софија и Скопје

//

„Граѓаните на РС Македонија кои се самоопределуваат како Бугари можат да бидат една од многуте можности и мост за надминување на предизвиците помеѓу Софија и Скопје и можност а побрзото интегрирање на РС Македонија во ЕУ“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев, за време на средбата со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Колев подвлече дека заедницата на македонските Бугари сакаат што побрзо земјата да започне преговори со ЕУ , но тоа нема како да се случи ако Скопје не започне отворен дијалог со Софија, бугарските институции и бугарската политичка елита.

„Стартот на преговори на РС Македонија со ЕУ нема како да се случи ако во земјата продолжува говорот на омраза кој неретко е институционално поттикнат и против кој ние како општество треба да се бориме“, изјави лидерот на ГДУ, Петар Колев.



Колев изјави дека ќе побара официјална средба со претседателот Пендаровски и премиерот Заев.

„Ќе побараме официјална средба со македонскиот државен врв на која ќе г аргументираме напите ставови а тоа како може да се решат отворените прашања меѓу двете земји“, изјави Колев.

Лидерот на ГДУ му се заблагодари на претседателот Радев за средбата истакнувајќи дека тој е првиот бугарски државник кој сакал да го слушне ставот на македонските Бугари.

Претходна статија

Радев: РС Македонија мора да ја прекине дискриминацијата врз Бугарите

Следна статија

Во ЕУ досега се вакцинирани 55 отсто од возрасните

Најново од Вести