| | |

(Видео) Фондација „Бугарска памет“ со детален отчет за сработеното во 2024 г.

Почитувани сомисленици, нашиот извештај за 2024 година не е само хронологија на сработеното, туку доказ дека 18 години подоцна, Фондацијата „Бугарска памет“ продолжува да го зголемува обемот на своите активности и цврсто ги следи своите приоритети – борбата со демографската криза, реинтеграција на европскиот модел на бугарската историска дијаспора, културно-историското наследство и неговите придобивки и квалитетно образование и развој на кариера во Бугарија. Со овие зборови објавени на социјалната мрежа Facebook д-р Милен Врабевски, прв човек на Фондација „Бугарска памет“ го најави извештајот на сработеното од неговиот тим.

Во видеото, објавено во Facebook д-р Врабевски се заблагодарува на сите, кои помогнале во спроведувањето на иницијативите на Фондацијата во текот на 2024 г.

„Сметаме дека инвестирањето во средината во која живееме, како и во младите луѓе, во зачувувањето на културниот идентитет и во современите општествени и образовни практики, е најдобриот начин за градење на иднината на Бугарија и Европа“, стои во објавата на Фондација „Бугарска памет“.

Целосниот извештај на Фондација „Бугарска памет“, можете да го прочитате на следниот линк.



Слични Објави