|

Комеморација за претседателот на ССМ Дарко Димовски

Во Сојузот на синдикати на Македонија утрово се одржа комеморација за претседателот на ССМ Дарко Димовски, кој вчера по кусо боледување почина на 45-годишна возраст.

На комеморативната седница се обратија Слободан Трендафилов, Златко Цветковски, Игор Ѓерасов, Стојанче Кашиковски, Лазе Георгиевски, Ристо Ајтов и Иван Пешевски.

-Нашите мисли се со семејството на Претседателот на ССМ, Дарко Димовски. За првпат во историјата на постоењето на ССМ, знамето на ССМ е на половина копје, прерано не напушти претседателот Димовски. Во тешките денови кога ја водевме синдикалната борба знаеше да каже, Слободан ставај панцир, шлем и одиме да се бориме, за жал денеска е исто така тежок ден, ден кога Претседателот на ССМ, Димовски повторно не обедини сите, но поводот е друг и далеку потажен. Продолжуваме да чекориме по патот кој го зацрта, сите заедно и сложни, зошто и семејството на Претседателот Димовски и ССМ се соочени со сериозни предизвици. Слава му! – истакна Вршителот на должност Претседател на ССМ, Слободан Трендафилов.

– По повод прераната смрт на Претседателот Дарко Димовски до Сојузот на синдикатите на Македонија пристигнаа голем број на телеграми со сочуство како од земјата така и од странство. Претседателот Димовски останува запаметен како голем борец за работниците и не смееме во наредниот период да го изневериме – истакна Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски

-Соборци и пријатели, Вие што добро го знаевте Дарко и вие што го гледавте во првите редови на протестите. Се собравме да го испратиме нашиот другар и брат на последниот пат, во вечноста каде замина прерано, и затоа нашата загуба е уште поголема. Изразуваме длабока жалост и сочувство до семејството. Празнината што сите ја чувствуваме, е неопислива, рече Игор Герасов, Претседател на СИЕР, во име на ССМ.

– ПретседателотДимовски остави сериозен белег во неговиот матичен синдикат СУТКОЗ, работите кои што ги заппчна таму, аманет е да ги завршиме и да ја продолжиме неговата борба за работнички права. Голем број на синдикати од регионот испратија телеграми со сочуство до Синдикатот СУТКОЗ каде што беше Претседател Дарко Димовски – истакна Стојаче Кашиковски, Секретар на СУТКОЗ.

– Почетоците на Дарко Димовски во синдикалните борби, беа во далечната 2004 година кога стана член на Советот на ССМ, потоа Претседате на СУТКОЗ, Секретар на Советот на ССМ и Претседател на ССМ. Патот кој го одеше не бешелесен, но прерасна во синдикален лидер на кој со гордост можеме да се огледаме – истакна Лазе Георгиевски, долгогодишен синдикалец на СУТКОЗ и ССМ.

– Борбата која ја водевме заедно со Претседателот Дарко Димовски продолжуваме да ја водиме без него, како да е заедно со нас. Нема да дозволиме неговите дела да се заборават, а стоиме исправени да го завршиме се она што тој го започна. Кога се подготвувавме за протестите и штрајковите знаеше да ми рече, Иван, кога ќе им кажуваш на работодавачите и Владата, да им кажеш како што е, а не како што сакаат да слушнат – истакна Иван Пешевски, Претседател на СГИП.



Слични Објави