|

Комисијата за заразни болести ќе се состане денеска

Состојбата со коронавирусот и зголемувањето на бројот на новозаразени е тема на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

„Комисијата за заразни болести ќе се состане во 12 часот и на состанокот ќе се дискутира за епидемиолошката состојба и препораките кои ќе бидат донесени, во форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот“изјави вчера за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Само вчера, бројот на новозаразени беше 792 лица. Во Битола беа регистрирани 62 нови случаи и заклучно со вчера бројот на активни во Битола е 267.



Слични Објави