КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ: НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ!
Денеска се одржа уште еден редовен состанок на Комисијата за заразни болести, каде не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19.
Засега останува апелот за целосно и доследно почитување на оние мерки кои веќе се воведени, вклучително и забраната за јавно групирање на повеќе од 4 лица по 21 часот.
„Генерално, впечатокот е дека има помала раздвиженост во градовите, поради што и се очекува да има намален број на новозаразени со корнавирусот. И во болниците има сè уште места за болните на кои им треба хоспитализација. Денеска не препорачуваме построги и порестриктивни мерки“, рекле извори од Комисијата за „Фактор“.

