ТРАМП ПРОДОЛЖУВА ПО СВОЕ: ЈАС ПОБЕДИВ НА ИЗБОРИТЕ
„Јас победив на изборите“, објави Доналд Трамп на социјалните мрежи, а Твитер повторно ја означи таа објава како непримерна.
I WON THE ELECTION!— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 16, 2020
„Да потсетиме, актуелниот американски претседател во текот на викендов првпат изјави дека неговиот демократски противник Џо Бајден победил на претседателските избори, но со образложение дека изборите биле наместени.
„Победи бидејќи изборите беа наместени. Не беа дозволени набљудувачи, гласовите ги пресметуваше софтверот на приватна компанија, која има лоша репутација и лоша опрема и не можеше да се квалификува ни за Тексас (каде јас уверливо победив), победи поради лажните медиуми и медиумите кои молчеа“, навел тој.
Исепак, брзо се предомисли и најави дека планира да победи на изборите и да не признава ништо.
Медиумите победата на Бајден ја прогласија на 7 ноември, но Трамп одби да признае пораз.