Одбележуваме 109 години од бунтот на младите Бугари од Македонија регрутирани во српската армија
На 10 април 1914 г., во Крагуевац, повеќе од илјада војни обврзници од Македонија демонстративно откажуваат да положат воена заклетва за верност во србската армија со зборовите “Ние сме се заколнале веќе, втор пат не се заколнуваме!” и ”Ние сме Бугари, да живее Македонија”. Над 120 од нив после тоа загинуваат или без трага изчезнуваат. Настанот во Крагуевац наоѓа широк отзвук во политичките и дипломатските кругове на Балканот и во Европа.
“…Започна ново робство под Србите и Грците, пострашно од турското, но исто така започна и нов, уште поупорен отпор од македонските Бугари.
Дојде ред да се собере првата генерација – војници од Македонија. Составени беа и списоците за запишување…
Штипскиот полковски округ ги упати своите регрути за Крагуевац. Тоа не беше случајно, но многу добро сбмислено: Штип тврдината на Бугарскиот национален дух, соодветствуваше на Крагуевац – Шумадија – тврдината на Србскиот национален дух. Србите сметале, дека ќе можат да го претопат сознанието на младежите од Македонија во шумадискиот казан и од таа маса да извадат чист примерок Срби. Блиската иднина меѓутоа им покажа, дека “НЕ СЕ ГАСИ ТОА ШТО НЕ ГАСНЕ”.
На 23. март 1914 г. тргнавме од Штип за Велес. На другиот ден со воз пристигнавме во Крагуевац. Од сите воени обврзници околу 1200 души, формираа еден полк, наречен 23-и Брегалнички полк. Вброените во него младежи беа предимно, во големото мнозинство од Штип и околината, Св. Николе-Овчеполијата, Велес и околијата и незначително од Дојран, Гевгелија и др.
…Во теориската воена настава имавме за предмет учењето на војничката заклетва од војниците, така што требало секој војник да ја знае. При испитувањето меѓутоа никој не кажуваше, дека ја научил, зашто и немаше желба да ја научи, а камоли да ја изговори. Таа состојба ги дразнеше – нервираше, но ние се оправдувавме, дека не разбираме србски.
10 април 1914. се објави за ден на полагање на војничката заклетва, на првите регрути од “Јужна Србија”, како што усвоија Србите да ја нарекуват Македонија.
На истиот ден – 10 април 1914 г. – недела, кој беше јасен, сончев… беше построена војската во квадрат, а во средината беа наредени свештенството, воените чиновници – сите во парадна облека… виши административни чиновници, странски представници од Белград – поканети за случајот и целото граѓанство… Воената музика ја изсвири националната химна “Боже правде…”. Согласно прифатениот ред во србската војска, војниците требаше да ја дигнат десната рака со стокмени трите прста за крст и гласно да изговорат после архимандритот, збор по збор: “Ја (се кажува името и презимето) заклињем се Богом Свемогучим, да чу верно служити краљу Петру првом…”
НАСТАПИ РЕШИТЕЛНИОТ МОМЕНТ! ЗА МИГ ВОЗДУХОТ БЕШЕ ПРОЦЕПЕН ОД ЗАГЛУШИТЕЛНО ура-а-а! НЕ ПРИФАЌАМЕ! НЕ СМЕ СРБИ! и др. и др. Војничкиот строј на команда “мирно” се наруши, се разстрои, се разбрка. Настана неопишан хаос. Сите присутни беа вчудоневидени и изненадени. Офицерите разјарени, со извадени сабји, размаваа, биеја, меѓутоа без резултат – безредието уште повеќе нарастуваше. Граѓанството: мажи, жени, деца, беа во паника, обзирајќи се назад и бегајќи, се сопнуваа едни од други, паѓаа, станваа, се трупаа на купишта и ужаснати извикуваа очајни писоци.
Слика на вистински бунт, меѓутоа ретка по својата особеност, зашто беше на официално место, пред официални лица, пред странски представници и пред целото граѓанство, при свечена поставеност и сред сончев ден.
За кусо време граѓанството избега по своите домови, изпребиени и изудирани – едни од други помеѓу себе, од ужас, кој ги обзеде. На „позиција“ останаа бунтовните воени обврзници, една србска вооружена чета (за одбележување е, дека воените обврзници бевме без секакво оружје), офицерите и официалните лица.
Воените обврзници, гонети од србската вооружена чета и од офицерите со извадени бајонети, бевме прснати по целиот полигон во безредие – тие тепаа и налетуваа врз нас, а ние со празни раце, предпазувајќи се од ударите, го раширувавме кругот.
Хаосот би продолжил, ако не последуваше заповед од командирот на полкот, да се приберат офицерите и да се повлечи вооружената србска чета. После повлекувањето на последните, изгледа за добивање на инструкции, тревогата се сталожи – секој застана кој каде се наоѓаше.
Започнаа да ги собират војниците и одново да ги постројуват. Мајорот Божидар Загорчич, нанесуваше удари на секој од војниците од неговата дружина, така што задаваше прашање: „Прифаќаш ли?“ и кога добиеше одречен одговор – „Не прифаќам!“, замавнуваше со сета сила – удар, кој можеше да причини и смрт. Таков одречен одговор тој доби од 18 смели, кои веднаш ги одделија и ги однесоа во гарнизонскиот затвор.
Целта се постигна. Тоа, кое требаше да се покаже пред Србите и пред странските представници – дека ние не сме Срби, како тие што не’ представуваа пред надворешниот свет и дека не сакаме да се заколнем за верност на србската држава, го манифестиравме во случајот пред самите нив.
Не’ построија одново и застанаа пред нас. Архимандритот ја изговори заклетвата, меѓутоа сам – ние сите молчевме. Тој изговори слово, во кое го истакна неговото жалење, дека сме попаднале под „Бугарска пропаганда“, дека сме заблудени, дека сме били прави Срби и уште други нивни разбирливи “аргументи“.
После свршувањето на церемонијата, не’ прибраа во касарните. Тука почна вистински терор. Офицерите од целата дружина се нафрлија во војничките простории да бијат со камшици, со тупаници и да крештат со цел да ги откријат инициаторите на бунтот. До вечерта само со тоа се занимаваа: биеја, заплашуваа, го распрашуваа секој војник поодделно. Тие збеснуваа, дека сите војници даваа еден и ист одговор: „Јас не сум викал – и моите другари околу мене молчеа, не знаеме како стана!“ Некои од офицерите уште повеќе се нервираа од тие еднакви одговори. Тоа тормозење се применуваше секој ден во продолжение до објавување војната со Австро-Унгарија, јули 1914 г. Тие несреќници (18 души) беа подложувани на страшни измачувања во затворот. Поставени во келии, над главите им поставуваа да капе вода и други измачувања, какви што нивниот адски гениј не можел да измисли, но предавство никој не изврши.
Големите напори на србските офицери не доведоа до пожелуваниот резултат – никој никого не издаде. Тој случај беше најголемиот испит за младежите од Македонија, кои ја покажаа својата зрелост и издржливост при одбрана на националната чест.
Доколку не’ уплашеа малтретирањата кои се спроведуваа, се гледа од тоа, дека вечер, на проверка, продлживме да одговараме со Бугарското “аз”, наместо на србски “ја”. Србите (началниците) запаѓаа во гнев, но ние продолжувавме со истото. При излегување од касарните во строј на учење, пеевме секогаш Бугарски војнички песни – задолжително и “Жив е тој, жив е” и “Тих бел Дунав”. Децата од улиците и балконите ги викаа родителите да чујат “Бугарчичи како певају.“