КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕДЛОЖИ УКИНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И ОТВОРАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ
Укинување на полицискиот час и отворање на кафулињата и рестораните предложи Комисијата за заразни болести до Владата, брифираат извори од Комисијата за ТВ24. На состанокот било дискутирано и за отворање на границите од 1ви јуни.
Предлозите на Комисијата треба да ги разгледа Владата која што на седница ќе треба да одлучи дали ќе ги прифати и да соопшти кога и како ќе почнат да се применуваат.
Сопствениците на угостителските објекти пак се во исчекување што ќе реши Владата. Дел од нив веќе се подготвуваат за отворање. Масите ги местат на одредено растојание како што налагаат протоколите.

