| |

Концерт на Нина Николина и „Магичните гласови“ во Сендаи како дел од турнејата во Јапонија

Концерт на познатата бугарска пејачка Нина Николина и формацијата „Магичните гласови“ ќе се одржи денес, 4 април, во Сендаи, како дел од нивната турнеја во Јапонија, соопшти Амбасадата на Бугарија во Јапонија, пренесува БТА.

Настанот ќе започне во 14:00 часот по локално време во Miyagino Ward Cultural Center – Partner Theater, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 13:30 часот.

Концертите се организираат со поддршка на Амбасадата на Бугарија во Токио и Национален фонд „Култура“.

„Во концертот учествува и Тихомир Јорданов со изведба на гајда, која беше впишана во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство во декември 2025 година“, информираа од Амбасадата.

Турнејата продолжува со концерти во Токио на 5 април и во Мито на 6 април.



Слични Објави