| |

Концерт на Софиската филхармонија по повод 120-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Бугарија и САД

Под покровителство на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел синоќа во Софија се одржа музички спектакл посветен на 120-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Бугарија и Соединетите Американски Држави. САД ги претставуваше амбасадорот на Кенет Мартен. Настанот го посетија потпретседателката Илијана Јотова, министри, европратеници, претставници на дипломатскиот кор, соопштува прес-центарот на МНР .

Концертот опфати избор на инспиративни дела на некои од најголемите бугарски и американски композитори – Панчо Владигеров, Џорџ Гершвин, Леонард Бернштајн, Румен Бојаџиев – син. Гостите уживаа во виртуозните изведби на уметниците од Софиската филхармонија, со посебно учество на диригентот Григор Паликаров.

„Го избравме овој концерт да ја одбележиме годишнината поради влијанието на музиката, со нејзините ритми и позитивна енергија и моќта да ги инспирира и обединува луѓето. Тaa, како единствен универзален јазик, има способност да ги отвори нашите срца и умови за убавина и совршенство“, коментира Марија Габриел.



Слични Објави