Конференција по повод 230-та годишнина од раѓањето на Неофит Рилски во Југозападниот универзитет во Благоевград
На Југозападниот универзитет во Благоевград ќе се одржи научна конференција посветена на 230-годишнината од раѓањето на Неофит Рилски, информираат од универзитетот, пренесува БНР. Организатори се ЈЗУ, Светата Неврокопска Митрополија и Светиот Рилски манастир заедно со општините Благоевград, Банско, Габрово, Самоков, Копривштица, Сандански, Ќустендил и Казанлак.
Настанот се организира под покровителството на бугарскиот патријарх Неофит.
Конференцијата се отвора на 5 октомври во 15 часот на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград и ќе трае до 7 октомври.