КОНТЕ: ИНТЕР НЕ ЗАСЛУЖИ ДА ЗАГУБИ ОД БАРСЕЛОНА!

Барселона со многу макаи на крилата на уругвајската ѕвезда Луис Суарез со пресврт го победи Интер со 2-1 во дербито на второто коло во Лигата на шампионите, ама „нераѕурите“ според шансите не заслужија да загубат и може да жалат што со три бода не си заминаа од „Камп Ноу“ сооглед на шансите во првото полувреме.

Тренерот на Интер, Антонио Конте после мечот објави дека неговиот тим незаслужено загубил од Барселона, после фантастичниот настап во кој Лаутаро Мартинез даде гол за водство, имаше уште две фантастични шанси…

„И направивме пекол на Барселона, а заслуживме многу повеќе од ова. Тешко е после пораз да ги барате добрите работи, но ова е незаслужен пораз. Но, треба и да се признае дека моравме да бидеме подобри со реализацијата во првиот дел. Во вториот дел напорниот период со мечеви, но и притисокот на Барселона го донесоа тоа што го гледаме како конечен резултат. Овој резултат е нефер за нас. Сега треба да го преболиме поразот и да се подготвиме за недела. Имавме извонреден настап, ама најважно е што видов карактер и храброст“, рече Конте.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ПОБЕДАТА НА Ц. ЗВЕЗДА СПОРНА ВО ГРЦИЈА – МЕЧОТ БИЛ НАМЕСТЕН СО СРПСКО-ФРАНЦУСКИ ЗАГОВОР?!

Следна статија

МЗТ СКОПЈЕ ЈА ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА ВО АБА2 ЛИГАТА

Најново од Спорт