Контролната кула на аеродромот во Софија во боите на националното знаме
Контролната кула на аеродромот во Софија е во боите на националното знаме, соопшти прес-центарот на Државното претпријатие „Управување со воздушен сообраќај“ (ДП РВД – BULATSA).
„За Денот на обединувањето, контролната кула на аеродромот во Софија беше трансформирана во симбол на националното единство. Облечена во тробојката, таа не потсетува на долгиот пат што го поминавме како нација и на нашите достигнувања на полето на воздухопловството“, пренесуваат од BULATSA.
„Оваа уникатна зграда не е само место за работа на контролорите на летање, туку и симбол на напредокот и развојот на нашата земја. Аеродромската кула е гордост на бугарската инженерска мисла и е реализирана од целосно бугарска екипа“, не потсетуваат и оттаму.
„Пред повеќе од десет години, заедно со темелите, беше поставена и временска капсула со две мапи и порака за идните генерации. Денес, кога светот е се повеќе поврзан, аеродромот во Софија игра клучна улога во поврзувањето на Бугарија со остатокот од светот. Со својата уникатна архитектура и технички решенија, кулата на BULATSA останува симбол на модерноста и безбедноста на бугарската авијација“, изјавија од BULATSA.
Фото: БТА
