| |

„КОРИСНИТЕ ИДИОТИ“ НА ПУТИН

„Корисните идиоти на Путин“ не се ликовите од цртан филм од „Преродба“ или било кои маргиналци, актуелни во моментов. Корисните идиоти на Путин, токму обратно, се тие кои продолжуваат да му го креват рејтингот, препишувајќи му ја секоја… нормалност.

Тоа не кореспондира со ниту една статистика за Русија, но тоа е друга тема. Да видиме како левичарско-либералните медиуми и симбиотички сврзаните со нив невладини организации, коишто се спонзорирани богато за да го „средат“ имиџот на западот, но го прават токму спротивното:

  • Ако си против Европа да прифати половината од Блискиот исток и дел од Магребот, безусловно, нема друга опција-ти си русофил.
  • Ако си против сите џендер-испади, значи си слуга на злото џуџе од „маЦква“ (правилниот правопис на зборот за клубот на пензионерите во реонот Триадица).
  • Ако си против да ја препушти својата индустрија на Кина, значи му служиш на Путин.
  • Ако си против цензурата во социјалните мрежи и против тоа технолошките картели да ја штитат својата положба преку елиминирање на секаква можност за конкуренција- имаме лоши вести за тебе, најверојатно ја пееш „Ставай страна огромная“ додека се тушираш. Посебно смешни овде се неписмењаците од Клуб Z, кои не прават разлика меѓу CDN и хостинг сервер.
  • Ако не веруваш дека земја од третиот свет го одлучила резултатот од изборите спроведени на територијата на светскиот хегемон во последните 30 години, во 2016 г., значи најверојатно до православната икона дома имаш и портрет на Јосиф Кобзон.
  • Ако одлучиш да не ја предадеш сопствената историја на вештачка држава (РСМ), по наредби што доаѓаат од друга вештачка држава (Белгија)… нема, тоа е, пиеш Бојаршчик од утро до мрак.

Идиотизмот на „ортодоксните евроатлантици“ стигна до таму што доброволно и го препишаа на русофилијата следното:

  • правото да избираш со кои луѓе да живееш
  • правото да одредуваш која индустрија да ја развиваш
  • правото да тврдиш дека има само два пола
  • слободата на словото и изразувањето
  • одбраната на националните интереси и идентитетот

Мала утеха е тоа што единственото нешто што ќе го управуваат е електричниот тротинет- мал на целата оваа позадина, бидејќи, ако продолжуваат се што е нормално да му го препишуваат на Путин, мислењата на јавноста, ќе стигнат до точка од која нема да има фраќање назад.

Автор: Николај Облаков, Conservative.bg

Слични Објави