|

КОРОНАВИРУСОТ ОДНЕСЕ ВКУПНО 17 ЖИВОТИ, 483 ЗАБОЛЕНИ, ДРЖАВАВА ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ПИКОТ

Дијагностицирани се 53 случаи со коронавирус, што е најголем број досега по регистрирањето на првиот случај во државава, на 26 февруари, јавува Канал 5.

Досега 17 лица починаа од компликации од коронавирусот, а 20 се излекувани. Бројот на заболени, како и починати секојдневно се зголемува. Заболените се од 17 градови и се вкупно 483, а најмногу се од Скопје (221), Куманово (93) и од Дебар (49).

Коронавирусот не бира повозрасни, млади или деца, здрави или со претходни заболувања. Голем број лица се во изолација и самоизолација. Меѓу заразените има и здравствени работници во повеќе градови, чиј број секојдневно расте, а најмногу се од Куманово. Затворени се неколку инфективни одделенија во државава поради заболени здравствени работници.

На Универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 61 пациент, од кои 11 се на механичка вентилација. Досега во земјава се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави