Коронавирусот повторно се шири во Хрватска: во Истра нагло зголемен бројот на заразени
Во округот Истра од почетокот на август е забележан тренд на зголемување на бројот на заразени со коронавирус, а според последните информации од болницата во Пула, околу 20 отсто од вкупно тестираните пациенти биле позитивни.
„Хина“ јавува дека пред два дена во оваа установа биле хоспитализирани четири лица поради коронавирусот – две се на одделението за ковид, едно во респираторниот центар и едно на операција.
„Симптомите се претежно исти како и претходните години, но во поблага форма – лоша општа состојба, болки во мускулите, главоболка и треска со респираторни проблеми“, најави директорката на Општата болница, Ирена Хрстиќ.
Од болницата велат дека во есенските и зимските месеци очекуваат повеќе заболени, со оглед на тоа што повеќе луѓе ќе престојуваат во затворени простории, во училиштата и градинките.