| |

„КОСМОС“ ЛЕТНАЛ ВО ВОЗДУХ ПО НАРЕДБА ОД ГОРЕ

На денешното судење за предметот на СЈО „ТНТ“ беше пуштена снимка од надзорната расправа на собраниската Комисија за транспорт и врски.

На снимката се слуша како Фијат Цаноски му се обраќа на тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски прашувајќи го за разговор во кој градоначалникот му кажал дека Космос се гради легално, но наредбата за негово уривање е дојдена од горе. Трајковски го негира тоа, а пратеници од ВМРО-ДПМНЕ читаат прашања од ливчиња, со цел да се оцрни „Космос“ и да се оправда уривањето на инвестицијата од 60 милиони евра.

Во „ТНТ“, за злоупотреба на службената положба и овластувањата обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и тројца инспектори од Гази Баба кои „утврдиле“ наводни отстапувања од градбата.

 



Слични Објави