| |

ОТВОРАЊЕ НА АВТОПАТОТ ОД НИШ ДО БУГАРСКАТА ГРАНИЦА НА КОРИДОР 10

Денеска во Србија на Источниот крак на Коридорот 10 се пушта во сообраќај делницата од Просек до Црвена Река, со вкупна должина од 22,5 километри, со што се заокружува изградбата на целиот источен крак од Димитровград до Ниш, долг 86 километри и 800 метри. Вкупната вредност на градбата на источниот крак се проценува на околу 476 милиони евра.

Со новиот автопат долг 86,8 километри од Ниш до граничниот премин Градина на српско-бугарската граница, ќе се патува за педесет минути.

На свеченото отворање ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, бугарскиот премиер Бојко Борисов и членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Источниот крак на Коридорот 10 ја поврзува Србија со Бугарија, но исто така е важен и како транзитен коридор преку кој се одвива сообраќајот меѓу Централна Европа и Турција кон Блискиот исток.



Слични Објави