Н. Геворќан: Претседателството на Путин е трагедија за Русија

//

Во 2024 година наследник на Путин може да стане неговата ќерка Катерина Тихонова која ќе му обезбеди мирна старост на својот татко, прогнозира познатата новинарка од „Комерсант“, Наталија Геворќан.

Наталија Геворќан е автор на првата книга за Путин “Од прво лице: Разговори со Владимир Путин”.
Пред украинскиот портал „Гордон“ таа раскажува зошто ја нарекуваат „личниот непријател на Путин“, за трите можни сценарија за развојот на ситуацијата во Русија по 2014 година и зошто Путин, дури и да сака, не може да ги обедини Русите.

– Г-ѓо Геворкян, имавте ли макар и најмал сомнеж дека Путин ќе се кандидира за претседателските избори овој март?

– Не. Мислам дека тој мисли дека ќе биде на власт засекогаш. Засекогаш, тоа значи до последниот ден од неговиот живот. Мислам дека тој нема намера да ја напушти претседателската функција и откако формално ќе заврши неговиот последен мандат во 2024 година.

– Не сака или не може да се повлече од власта?

– Веројатно сака, но се плаши. Повлекување од власта значи губење на многу предности – на прво место личната гарда која го придружува насекаде. Мислам дека Путин стравува за својата безбедност од уште времето кога стана јасно дека тој ќе биде следниот претседател. Овој страв, пред сè, е поврзан со почетокот на Втората чеченска војна. И мислам дека стравот е целосно основан. Освен тоа Путин е фокусиран и околу интересите на луѓето од неговата непосредна околина. Овие луѓе ризикуваат да изгубат многу, ако не и сè. Путин е гарант на овој круг на луѓе.

– Дали зборувате за имот и капитал во Русија или на Запад?

– Не е важно, тоа е нивниот бизнис. На Запад луѓето од опкружувањето на Путин не можат да си дозволат многу, бидејќи тие се на „црните“ листи за санкции. Но имаат офшорни компании и во нив тие ги чуваат своите огромни пари, огромен бизнис, гарант за нивниот напредок е токму Путин.

– По шест години, во 2024 година, ќе заврши четвртиот претседателски мандат на Путин, што ќе се случи потоа? Ќе се кандидира ли за петти мандат или повторно ќе се стави некоја марионета како Медведев да му го чува престолот?

– Мислам дека се можни три опции. првиот – тој го менува уставот и се појавува повторно на трката за претседател на Русија. Вториот – тој го менува уставот и станува национален лидер од типот на ајатолахот во Иран… третата варијанта  е,  да го извадиме од Кремљ.

Но има и четврти: да се согласи на вистински избори со железна гаранција дека откако ја напушти власта никој нема да допре ниту него, ниту неговото семејство.

-Не мислам дека Путин има таква доверба во било кого.

– Вие мислите дека кандидатурата на Ксенија Собчак е своевиден тест дали руското општество е подготвено да гласа за жена-претседател, а вистинската цел е номинацијата на ќерката на Путин – Катерина Тихонова – за претседателската функција во 2024 година, која ќе обезбеди спокојна старост за нејзиниот татко и неговата околина.



-Да, тоа звучи малку како теорија за заговор, но сепак. Путин може да им верува на своите ќерки, за разлика од другите луѓе. Ако ќерката на Путин одлучи да се кандидира додека татко и е уште посилен – да, таа ќе биде избрана. Всушност, Русите, ќе изберат некој, за кого Путин ќе укаже дека е во силна позиција. Така беше и со самиот Путин, кој беше предложен од Елцин, Медведев, беше предложен од Путин. Друго прашање е – дали ова шема ќе функционира во 2024 година кога Путин ќе наполни 24 години на власт. Дали неговиот збор сѐ уште ќе има таква тежина? Дали Русија ќе се согласи и ќе го послуша Путин? Тешко е да се предвиди.

-Зошто  ве нарекуваат „личниот непријател на Путин?”

– Затоа што по книгата, која напишав за него, објавив и некои критички коментари. Путин погрешно сметаше дека штом еден новинар разговарал со него неколку часа и пишувал книга за него, тој станува негов пријател. Во нашиот случај, воопшто не беше така, бидејќи јас немав намера да се дружам со него. Во моите коментари бев многу критична уште од првиот ден на неговото влегување во „славата“. Во еден од моите коментари напишав дека „човек кој толку долго време работел во службите, би требало да знае да лаже поубедливо“. Знам дека тој бил информиран за овој коментар, а потоа одлучил дека јас сум ја предала нашата „дружба“.

– Дали ви кажаа дека сте ја преминале границата?

– Да, неколку луѓе ми кажаа за неговата реакција, вклучувајќи и такви кои биле присутни и лично слушнале што зборувал Путин по моја адреса. И тогаш, за време на неговата посета на Франција, не ми дадоа акредитација. Попрецизно, Французите ме акредитираа, но руската страна не ме допушти на ниту еден настан. Весникот “Комерсант” чиј дописник бев тогаш, излизе со празно место на насловната страница и натпис: тука требаше да има репортажа од нашиот дописник, но не и беше дадена акредитација “.

-Зошто тие ве избраа вас да ја напишете книга за Путин?

– Бев позната по моите интервјуа. Освен тоа, претпоставувам дека луѓето што ја донесоа одлуката сакале авторот да биде жена, бидејќи на мажите им е полесно да разговараат со жена. Мислам дека идејата е на Валентин Јумашев (шеф на претседателската администрација на Борис Елцин и сопруг на ќерката на Борис Елцин, Татјана Диенко). Во јануари, 2000 луѓе ме покани на состанок на кој присуствуваа Јумашев и Татјана Диенко. Тие сакаа книгата за Путин да излезе пред претседателските избори во март. Им предложив книгата да биде објавена како интервју – затоа што така се наметнува одговорност на лицето за кое му ги поставувате прашањата, одговорноста за неговите зборови.

-Каков впечаток ви направи Путин пред 18 години?

-Тој беше сосема пријателски настроен, одговараше тивко, со задоволство. Бев изненадена од фактот колку е среќен што зборува за себе. Имавме неколку состаноци, интервјуата траеа 20 часа.

-Многу луѓе што го запознале тврдат дека во приватен разговор може да го заведе својот соговорник.

-Сфатив дека овој човек е навикнат да работи на начин што го научил во КГБ, во специјалните служби, вклучително и операции во спектарот на провокациите. Припадниците на специјалните служби имаат посебен менталитет – тие немаат навика за публицитет и транспарентност во донесувањето одлуки. Такви луѓе не треба да доаѓаат на власт, бидејќи, своето владеење го претвораат во трагедија за земјата. И досега, мислам дека претседателството на Путин е трагедија за Русија.

Претходна статија

Шилегов: Градот Скопје, функционален град за безбедно пешачење и возење велосипед

Следна статија

Патриотите од далечна Австралија почнаа да собираат пари за спас на името (ВИДЕО)

Најново од Интервју