Костовски: Еуростандард беше убиена со умисла, Комерицијална банка незаконски искористи 3 милиони евра од Еуростандард
Еуростандард банка беше убиена со умисла, порача мнозинскиот акционер на Еуростандард банка, Трифун Костовски на прес конференцијата на која тим од странски експерти за банкарски крминал предвоен од европскиот експерт Драго Кос го презентираа извештајот за пропаѓањето на Еуростандард банка, пренесува Фокус.
– Кога го сменивме стариот одбор, кој видовме дека е умешан во нелегалните трансанцкии без мое знаење, сакавме од нив да се откачиме. Кога почнавме да трагаме по парите, донесена е одлуката од сивата еминенција, Народна банка го направи сатарот“, кажа Костовски.
Комерцијана банка – местото и улогата на Комерцијална банка е посебно истражено од господинот Драго Кос, а јас со овој мој исказ сакам само да обзнанам дека незаконски се искористени 3 милиони евра, наменски дадени депозит од Еуростандрад банка во Комерцијална банка, кој не може да биде пренаменет или користен за други потреби, без согласност на Надзорните одбори на двете банки, Во договор, кој го знаат само Управните одбори на двете банки, овие средства се исчезнати, рече Костовски.
Според извештајот, шемата функционирала таков начин што одредена банка идентификувала компании коишто се подготвени да ги отстапат своите деловни сметки, на кои баката потоа исплаќала одредени износи врз основа на фиктивни договори за кредит, а потоа иситте ккомпании формално и ги позајмувале тие изности на други компании, исклучиво по избор на банката. На сличен начин, потоа овие средства и се враќале на банката.