|

Костовски: Радишани доби нов модерен парк за рекреација и дружење

Населеното место Радишани доби нов модерен парк, објави актуелниот и кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

„На површина од десет илјади метри квадратни поставивме урбана опрема, ново ЛЕД осветлување и едно убаво модерно детско катче,“ истакна Костовски.

Со отворањето на паркот, како што посочи тој, се оствари долгоочекуваната желба на жителите на Радишани да добијат современ простор за рекреација – место наменето и за возрасни и за деца.

„Ние младите во Радишани конечно добивме нов парк за релаксација и дружење,“ додаде Костовски во објавата.

Тој нагласи дека новиот парк ќе им служи и на пензионерите од Бутел, кои конечно добиваат убаво место за рекреација, одмор и дружење.

„Овде беше сè запуштено, со години чекавме, но дефинитивно ќе има каде да седнеме, да одмориме и да дружиме, да размениме мисла. Нека е аирлија!“, напиша Костовски.

Слични Објави