КОВАЧЕВ СО ПРАШАЊА ВО ОДНОС НА РС МАКЕДОНИЈА ДО КАНДИДАТИТЕ ЗА НОВА ВЛАДЕЈАЧКА ГАРНИТУРА ВО БУГАРИЈА

„Кандидатите за нова владејачка гарнитура ветуваат „брзи преговори за разјаснување на нашето историско минато со РС Македонија, за да дадеме „зелено светло“ за да стане дек од Европа“, други пак сосема широкоградо, „ја оставаат историјата на историчарите и брзо отворање на преговорите“. Изборите поминаа, веќе се подготвува нова влада и веќе е време да бидат поконцизни за своите намери“, напиша на социјалната мрежа facebook европратеникот и заменик-претседател на Европската народна партија Андреј Ковачев поставувајќи конкретни прашања кон кандидатите за нова владејачка гарнитура во Бугарија.

Дали ја поддржуваат Бугарската рамковна позиција за почеток на преговорите на Република Северна Македонија од октомври 2019 година и декларацијата на Народното собрание?

Дали тие поставуваат било какви услови за македонската страна, за да може Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговори? Ако не, ОК! Ако имате услови, какви се тие услови? Кои се долгорочните гаранции за нивното спроведување од страна на PCM?

Која е формулата за официјалниот јазик на РСМ, што ќе се појави во рамката за преговори на ЕУ? Дали го признаваат „македонскиот јазик“?

Дали сакаат РСМ да ги признае бугарските корени на јазикот и населението што живеело на територијата на географска Македонија во минатото? Која е етничката припадност на бабите и дедовците на над 2 милиони современи Бугари со корени во Македонија? Дали тие биле Бугари или биле етнички Македонци? На кој јазик зборувале – бугарски или македонски?

Дали сакаат во учебниците во РСМ да продолжат манипулациите и отворените лаги наследени од Титовата Југославија? Треба ли децата да продолжат да учат дека ние Бугарите сме Татари, окупатори, фашисти, дека Цар Самоил е македонски цар, дека Гоце Делчев, Браќата Миладиновци или Натанаил Охридски биле етнички Македонци кои зборувале македонски и се бореле против Бугарија?



Дали тие се согласуваат РСМ да го продолжи говорот на омраза, малтретирањето и прогон врз луѓе кои отворено го искажуваат својот бугарски идентитет?

Дали се согласни со тоа, властите на РСМ да продолжат да ги финансираат сепаратистички организации во Пиринска Македонија, како што се ОМО Илинден, или организации, како словенечкиот институт ИФИМЕС, насочени кон оцрнување на Бугарија и бугарскиот народ?

Каков е нивниот став за насилното наметнување на „македонски идентитет и јазик“ на бугарското население во Пиринска Македонија од страна на Бугарската комунистичка партија и сатрапот Георги Димитров во периодот по 1944 година?“, прашува Ковачев.